За нас

Во градот Штип – Република Северна Македонија 1998 година е формирана фирмата ЈОФАТЕКС. Тоа е град во кој текстилот и текстилното работење е  традиција која се негува во последните 70 години. Со визијата за осовременување, следење на најновите трендови и со своите магацински, организациски предности, сервис за своите клиенти и човечки ресурси, ЈОФАТЕКС денес е европски лидер во трговијата со домашен текстил, текстил за изработка на работни одела, текстил за хотелско опремување, механизми и ногарки за мебел. ЈОФАТЕКС има свои претставништва во СРБИЈА, БУГАРИЈА, БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА И КИНА и располага со најголемата залиха на материјал со повеќе од над 7 милиони метри. Секоја година имаме примена и интегрирање на нови технологии на производство на материјалите со што успеваме да дадеме уште подобар квалитет на нашите клиенти , а тие пак да произведат производи со кои ќе го уедностават секојдневното живеење на нивните клиенти.

 

Булевар Гоце Делчев 46
2000 Штип
Северна Македонија

customerservices@jofateks.com